За нас
Повеќе од 18 години сме синоним за квалитетни и долготрајни освежувачи на територијата на Македонија. Со постојана посветеност, развој и следење на светските трендови во индустријата за мириси, изградивме препознатливо име на кое клиентите му веруваат.
Работиме со водечки брендови како Spring Air и нудиме широк асортиман – од домашни дифузери и свеќи до професионални системи за ароматизација на хотели, канцеларии и трговски простори.
Нашата мисија
Нашата мисија е да создадеме пријатна, свежа и професионална атмосфера во секој простор – без разлика дали станува збор за дом, канцеларија, хотел, маркет или друг деловен објект.
Веруваме дека добриот мирис го подобрува расположението, креира пријатна средина и остава траен впечаток. Затоа секој наш производ е избран со внимание за квалитет, интензитет и долготрајност.
Нудиме
Професионални парфимирани освежувачи
Овошни и освежувачки ароми
Луксузни и деликатесни мириси
Решенија за домови и деловни простори
Долготрајни формули со висок квалитет
Квалитет во секој производ
Секој производ е внимателно избран или развиен за да обезбеди интензивен, но пријатен мирис кој трае.
Со партнерство со Spring Air FRAGRANCES & CREATIONS, имаме пристап до премиум ароми и најновите технологии во индустријата – за да ви понудиме најдобро од светот на мирисите.